Тренинг за патролни лидери – Катлановска Брезица

Од 28 до 31 Август 2014 година во Извидничкиот дом во село Катлановска Брезица се одржа тренинг за патролни лидери на кој присутвуваа 25 учесници од 7 извиднички одреди во Р.Македонија.

Програмата на тренингот ги стимулираше учесниците кон градење на лидерски вештини, практикување на организација и комуникација како и ги подготви за менаџирање на патролен состанок.

Учесниците на овој тренинг се очекува да станат активни водачи во своите одреди.

CAM00055

Тренингот е дел од програмата за зајакнување на лиодерските способности на младите и раст на извидничката организација.

Обуката е поддржана од фондацијата Ерик Траст.