Skip to content Skip to footer

Сојуз на извидници на Македонија во просториите на MladiHub организираше тренинг за волонтерите на Peace Corps North Macedonia. Овој тренинг беше предвиден за  волонтерите и нивните соработници – извидници кои моментално работат во извидничките одреди и волонтери во општини со потенцијал за развој на извидништвото. Учесниците се запознаа со историјата и структурата на Сојузот, како и: методите, целта и принципите на извидништвото. Преку градење на капацитетите на волонтерите, работиме во насока на јакнење на соработката помеѓу волонтерите на мировниот корпус и локалните извиднички одреди, со цел да се постигне раст и развој на извидништвото низ целата држава.

87292767_2896089703786232_8715095088671227904_o 88011567_2896089917119544_3698722038840557568_o 88093138_2896090703786132_835366878464442368_o 85248675_2896089283786274_4607992892013674496_o