Тренинг за брендинг и комуникација

Од 14-16 јуни 2019, во Извиднички Центар Охрид се реализираше тренингот за брендинг и комуникација. Настанот беше наменет за млади и волонтери над 16 години кои преку сесии и практични примери во областа на маркетингот и комуникациите работеа на генерирње на идеи за полесно креирање на комуникациската стратегија на центарот.

На воведната сесија, учесниците се запознаа со целите на тренингот и со работата на извидничкиот центар, со комуникацијата која ја врши тој и со комуникацијата на Сојузот на извидници на Македонија. На следната сесија беа претставени резултатите од претходниот настан „Каков извиднички центар сакам?“, со што тие добија генерална слика за тоа каде сакаме да се движи центарот и како тоа би помогнало и во делот на комуникацијата. По раскажаната успешна приказна за комуникација и за Ретвитни Оброк, започна теоретскиот дел на тренингот и запознавањето со брендингот и комуникацијата. По воведот и сесијата за стратешки маркетинг и маркетинг микс, учесниците беа поделени во групи и почнаа со работа, се запознаа со профилите на корисниците и ги креираа, според нив,
главните таргет групи на Извидничкиот Центар. По кафе паузата, беше направена и SWOT анализа, каде тие ги детектираа јаките и слабите страни, заканите и можностите со кои се соочува центарот.
Последниот ден, од собраните анализи, групите креираа комуникациски пристапи и начини со кои би ги тангирале своите таргет групи и ги изнајдоа решенијата на SWOT анализата со маркетиншката алатка позната како TOWS матрикс.

Извлечените идеи и пристапи, ќе се искористат за да се кеираат стратешките цели за комуникацијата на Извидничкиот Центар Охрид во наредниот период.

C0014T01

C0015T01

C0018T01

C0027T01