Стратегија на Сојуз на Извидници 2020

Стратешкото планирање на СИМ е процес кој ќе постави цврсти темели на правецот кон кој ќе се стреми извидничката организација во Р.Македонија и како извидништвото ќе изгледа во 2020 година.

„Стратегијата 2020“ е прогресивна и развојна, ќе се стреми кон позиционирање на СИМ како релевантна, модерна и атрактивна организација која ќе биде признаена од институциите и ќе нуди квалитетна програма на своето членство.
Преку стратегијата на СИМ се артикулираат заложбите и енергијата на повеќето тимови и организациони единици кои со заедничка работа ги поставија правците на кои во идните 6 години целосно ќе се посветат сите органи на СИМ.
Во оваа стратегија се поставени основните приоритетни области идентификувани во процесот на стратешкото планирање како и деталниот акционен план за периодот 2014 – 2016 година. Овој документ се осврнува на: анализата и предизвиците на надворешната средина, историјата на извидничката организација, улогата на СИМ, визијата, мисијата и долгорочните цели на СИМ, како и вредностите во Р.Македонија, принципите и методите на кои се базира работата на СИМ.

Стратегијата можете целосно да ја погледнете на следниов линк

STRATEGY 2020 SAM