Сојузување во соработка со данската Asocio (09 – 11.11.2018)

Викендот 09 – 11.11.2018 г. во Извидничкиот центар Охрид во соработка со данската организација Asocio се реализираше настанот Сојузување, како дел од Проектот „Јакнење на корените“ кој е поддржан од Македонскиот центар за меѓународна соработка – МЦМС, а кој има за цел унапредување на внатрешните структури на управување на Сојузот на извидници на Македонија, како и воспоставување на процедури и практики за добро управување на органите на Сојузот на извидници на Македонија.

46254630_2039769466084931_951245117585358848_n


Целта на Asocio е да им даде можност на децата и младите ширум светот да добијат подобри можности за развој на нивниот целосен потенцијал, без разлика на нивното минато и потекло. За таа цел, оваа данска организација се занимава со тренирање на нови лидери во извидништвото, истовремено поддржувајќи го тренингот на лидери и развојот на извидништвото во целиот свет, вклучувајќи ја тука и нашата земја.

Учесниците на овој тренинг, 30 извидници од различни извиднички одреди од повеќе градови во Македонија, под менторство на искусни тренери од Asocio ја развиваа новата тренинг структура на Сојузот на извидници на Македонија. Се развиваше содржината на системот за обука на СИМ, додека во наредниот период, тимот учесници ќе се фокусира на детализирање на рамката и креирање методологии.