Соларна школа

Од 17-19 Мај во извидничкиот центар Градовци, се одржа првата школа за соларна енергија каде извидниците од различни одреди имаа можност, преку предавања и игри да се здобијат со основно познавање во делот на соларната енергија, но и со конструктивни методи за нејзино искористување. Преку тимска работа имаа предизвик да изградат соларни загревачи на воздух, кои се користат како сушара за овошје или за загревање на внатрешна просторија, мини соларни концентратори за приготвување на храна, но и имаа можност да ја развијат својата креативност преку создавање на соларна уметност. По завршување на овој семинар учесниците ќе бидат способни да продолжат да ја шират филозофијата „Зелена Енергија“ со останатите извидници од своите одреди.

сол1

сол2

сол3

сол6