Создаваме подобар свет!

После поминат пат од илјадници километри, менувајќи неколку транспортни средства, од кој поголем дел од патот го поминале пеш, дневно илјадници мигранти пристигнуваат на границата кај Табановце. Секој од нив посебно, со приказна, зашто и како го напуштиле својот дом, но со голем елан и желба, се упатуваат до својата крајна дестинација.
Со секое шише вода, топол оброк и пар чорапи што ќе им го дадевме при излегување од возот, како да им дававме крилја да продолжат уште посилни. Заедно со другите волонтери, пружавме здравствена и морална помош, како би им овозможиле сигурно и брзо транзитирање низ Македонија и поставувавме знаци со претходно спремени шаблони, како би им помогнале на мигрантите, полесно и побезбедно ориентирање према Република Србија.
Најголема добивка, е тоа “thank you” со блага насмевка скриена под лицето, на кое се гледа стравот во очите, кој виделе хорор, оставиле се и тргнале кон непознатото. Тоа што го почнавме волонтерски да го правиме давајќи техничка поддршка, координирајќи се со други луѓе, пружајќи им помош на оние на кои им е најпотребно, стана дел од нашата секојдневна рутина, се со една цел – Создаваме подобар свет.

 

Повеќе од месец дена извидниците се на граничниот премин Табановце, на македонско – српската граница. Откако дождот се придружи, обемот на работа е зголемен, околностите се отежнати.

Додека нашите извидници се на сцената, Ангела и Милан работеа во позадината, на Refugees Response Seminar, работејќи на акционен план. Споделувајќи идеи и искуства, целта беше она што го работиме да се пренесе на следното ниво, да работиме повеќе и подобро, да помагаме повеќе и подобро.

 

„Вршејќи ја дневната рутина, помагајќи им на оние кои доаѓаа да се пријават на штандот за храна, не можев, а да не приметам едно детенце стуткано на страна. Се тресеше од студ, немаше никој околу него, сигурен сум дека беше сам. Му пријдов со храна и вода, но не можев да го оставам така, па му ги дадов моите капа и ракавици. Нешто ми “шепна” на негов јазик. Еден од постарите ми пријде и ми кажа дека детето, кое не беше постаро од 6 години, се заблагодарило на “хероите во црвенo” (мислејќи на волонтерите од Црвениот Крст и Извидничкиот тим за поддршка).” – еден од волонтерите на извидничкиот тим за поддршка.

Previous Image
Next Image