Совети за планирање на прошетка

Кога во светот на Извидништвото станува збор за прошетка, тогаш тоа не значи само посета на природата во блиската шума или планина. Прошетката ги развива ориентациските способности на извидниците, но истовремено и нивната способност да се снаоѓаат во најразлични ситуации.

scouts-hike

Освен забавните моменти поминати заедно со вашиот одред, оваа прошетка може да значи и поддршка на младите и нивно охрабрување што почесто да учествуваат на вакви активности, како полесно би стигнале до одредени вештарства.

Подготвен хајкер е среќен хајкер! Затоа, пред да се впуштите во авантура и посетите некоја планина или национален парк, бидете сигурни дека добро сте го испланирале патувањето, со што ќе избегнете ситуации каде треба да се соочите со непредвидени работи.

Дозволи

Едно нешто што треба да го имате предвид е дали ви се потребни посебни дозволи за да посетите некоја локација. Генерално, доколку теренот не е премногу стрмен или не претставува премногу голем залак и истиот е лесно достапен, тогаш нема да ви биде потребна посебна дозвола. Постојат неколку нивоа на дозволи за хајк, кои зависат од разни фактори како, временските услови, висината на рутата и растојанието од достапната помош.

Од друга страна, има голем број рути кои се достапни за различни возрасти и способности на извидниците, за кои не се потребни посебни дозволи. Но, сепак, најважно од сѐ е водачите на оваа активност да ги имаат потребните способности и знаење за да можат да се снајдат со секаков вид на ризик и да подготват план за активности.

Прва помош

За полесно достапните терени, потребно е водачите да имаат основни познавања од Прва помош, додека доколку се одлучите вашите способности за хајк да ги испробате на повисоко ниво, ќе биде потребно да поседувате и сертификат кој го докажува вашето знаење и способности за укажување на Прва помош на повисоко ниво и во покомплицирани случаи.

Што да сторите пред да тргнете на хајк

■ Планирајте ја вашата рута.

■ Осигурете се дека сте оставиле копија од рутата кај одговорниот локален член од вашиот извиднички одред кој нема да учествува во хајкот.

■ Уверете се дека активноста е соодветна за возраста и способностите на сите учесници во активноста.

■ Направете проценка на ризик.

■ Осигурете се дека ќе ви биде достапна соодветна супервизија и поддршка за време на прошетката.

■ Известете ја вашата група и осигурете се дека знаат каква опрема и облека треба да носат со нив, но и каде се движите.

■ Бидете во постојана врска со базата во вашиот одред.

■ Имајте безбедносен план за постапка во случај на незгода.

Што да понесете: основните работи

Она што ќе треба да го понесете со вас, во принцип зависи од должината на рутата и од временските услови во тој период. И наједноставната прошетка во природа со најмладите извидници може да значи задолжително носење на следната опрема:

■ добри чевли/ чизми за пешачење

■ мапа, компас или ГПС уред

■ вода за пиење

■ грицки

■ капа за заштита од сонце

■ кутија за Прва помош

■ кабаница

Најдете ги достапните рути

Бидете сигурни дека сите млади, без разлика на нивните способности, имаат можност подеднакво да уживаат во убавините на пределот кој го посетувате. За оние кои имаат ограничени можности за движење, обидете се на најдете патеки кои ќе бидат лесно достапни за нив и каде би можеле да ви помогнат и вработените од националните паркови.

Поддржете ги младите во освојувањето на нови вештарства

Учеството и планирањето на добра прошетка, хајк или експедиција е вистинскиот пат кон освојување на одредени вештарства. Така што, извидници, само напред!