Скопска (аван)Тура

Како дел од проектот Скопска (аван)Тура, Сојуз на извидници на Македонија организираше рафтинг на реката Вардар на релација Скопје-Зелениково. Проектот адресира две проблематики поврзани со животната средина и екологијата а тоа се: водата и земјата. Целта на рафтингот беше подигнување на свеста кај населението преку имплементација на авантуристички програми за млади за заштита на животната средина и потикнување на здрави животни навики. Покрај забавата и дружбата беше и лоцирање на сите критични точки со крупен отпад по течението на реката и собирање на ситниот отпад во вреќи По завршување на рафтингот, во тек е подготовка на документ/скица на критични точки за крупен и градежен отпад долж течението и места каде што е оставен ситен отпад спремен за собирање. Документот ќе биде доставен до комуналното претпријатие со цел делумно расчистување на отпадот.

20190518_113612

20190518_120112

20190518_125204

20190518_135055