Септемвриски извиднички средби, 65-години постење на ИО „Мирко Милески“

Викендот 14-16 септември во Кичево се одржа прославата на јубилејот 65 години постоење на Извидничкиот одред „Мирко Милески“, кои беа домаќини на традиционалната извидничка акција 45-ти Септемвриски извиднички средби, по повод првото ослободување на градот Кичево, пред точно 75 години.

42085887_2102801899764109_8424339812915347456_o

На средбите учествуваа околу 150 луѓе, учесници, гости, домаќини. Во трите натпреварувачки дена, на 14, 15 и 16 септември, извидничките одреди се натпреваруваа во следните дисциплини: спортски игри, ориентација во простор, стреличарство, шаторијада и качување по карпи. Дводневните акции започнаа неочекувано и на интересен начин. За време на церемонијата за отворање беше „киднапиран“ еден од членовите на ИО „Мирко Милески“ од две лица маскирани во црно, па задачата на учесниците во натпреварот беше решавајќи загатки, тркајќи се и преминувајќи низ различни препреки, да ја поминат извидничката стаза, каде со секоја успешно решена задача, добиваа насока во кој правец да се движат за да откријат кои се осомничените лица за киднапирањето и на крај да го најдат заложникот. Категориите на извидници: Развигорци, Истражувачи и Извидници, трагајќи по сокаците на убавото Кичево, можеа да се запознаат со шармот на овој град, кој претставува сплет на култури во Западна Македонија. Како и да е, многу забавен викенд, исполнет со многу смеа, глума и песни, кој сигурно им остана во сеќавање на голем дел од учесниците.

 

Во категоријата Истражувачи, првото место ѝ припадна на екипата од извидничкиот поречански одред „Галеб“ од Скопје. Во категоријата Извидници првото место го освоија членовите на извидничкиот одред „Феникс“ од Прилеп, додека во категоријата Развигорци, првото место заврши кај членовите на Првиот скопски извиднички одред.

 

На годинешните средби беа присутни и двајца извидници од САД и од Франција, кои се волонтери во земјава во рамките на СИМ.

 

Дел од атмосферата која тој викенд владееше во Кичево можете да ја видите во следната галерија.