Свечено давање на завет и прослава по повод 4 години постоење на И.О. „Феникс“ – Прилеп

„Во моја чест,
ветувам дека ќе дадам сѐ од себе,
дека ќе ја исполнувам својата обврска кон државата и духовните вредности,
дека ќе им помагам на другите во секое време и
ќе се раководам во согласност со извидничките закони.“

Со овие зборови, 15тина развигорци и извидници се приклучија кон извидничкото семејство. Свечената церемонија на завет се оддржа на сончевиот 16 февруари 2019 во манастирот „Св. Димитрија“ во близина на с.Селце. Официјално одредот Феникс е побогат со патролата Волци и јатото Лаванди. Во продолжение, го прославија и нивниот четврти роденден. Четврти роденден за четири години успешна работа за одредот од Прилеп, во иднина се надеваме на уште поуспешна работа и уште повеќе извидници кои ќе ја искусат магијата на извидничкото движење!

DSC_1012

DSC_0826

DSC_1009

52053833_2547539801940982_3532762793126133760_o