Свечена прослава по повод завршување на 60 годишниот јубилеј на СИМ

Почитувани,

Имаме посебна чест да ве информираме дека од 19 до 22 февруари ќе се одржат неколку манифестации со кои ќе се заокружи прославата на 60 годишниот јубилеј на Сојузот на извидници на Македонија.

Во залезот на јубилејот скромно може да константираме дека извидничката организација во Р.Македонија имаше успешна и плодна година достоинствено одбележувајки го своето постоење. Во изминатата година се одржаа бројни манифестации, бројни активности, обуки за лидери, обуки за тренери, се одржуваа АГОРИ на кој се идентификуваа потребите на младите, се одржаа обуки за застапување, се издаваа публикации, се прромовираше извидништвото во јавноста. Изминататa година се одржа и 11-тата Смотра на СИМ, настан кој сплоти 400 млади од 6 европски земји и веруваме постави стандарди за квалитетна програма и организација.
Има уште многу што да се зборува за изминатата година и прославата на јубилејот но наместо тоа сметаме дека е време да се насочиме кон иднината. Во 2014 година не очекуваат уште повеке активности, повеке дружење, повеќе едукација и многу многу работа.

Време е да го завршиме јубилејот на начинот на кој започна, на свечена церемонија на денот на извидништвото.

hoho

Почитувани,

Имаме особена чест да ве поканиме на активностите по повод прославата на денот на извидништвото и завршувањето на јубилејот 60 години извидништво во Р.Македонија.

Свечена церемонија со изложба и донаторска конференција ќе се одржи на 19 февруари во Дом на градежници со почеток во 20 00 часот.
Поканата може да ја превземете овде.

Активностите подготвени за најмладите ќе се одржат на 22 февруари низ градот Скопје и Дом на градежници по што во вечерните часови ќе се одржи традиционалното качување на врвот на водно. Програмата за 22 февруари може да ја превземете овде.

Ве повикуваме активно да се приклучите и заедно да го одбележеме овој посебен момент за извидништвото во Р.Македонија.

hoho2