Skip to content Skip to footer

Од 4-ти до 7 август 2014 година во Рогла и од 11 до 15-ти во Љубљана (Словенија ) се одржа Светскиот Извиднички младински форум и 41вата Светската Извидничка конференција.

Сојузот на извидници на Македонија активно учествуваше во настаните со 3 делегати.

Светскиот Извиднички младински форум е образовна алатка за поддршка на процесот на развивање на учеството на младите во партнерство со возрасните и младите членови во најстарите возрасни секции. Тоа е настан кој ги зајакнува и ги инспирира младите преку партиципативен пристап , помагајќи им да развијат вештини за донесување одлуки кои може да се користи во рамките на извидничката орагнизација и во поширокото општество.

Темата на младите извидници на форумот беше: едно дрво, многу гранки – и го симболизираше единството и различноста на извидници . Темата е надополнета од страна на три клучни концепти : Нашато движење, нашата заедница, нашата иднина.

Светската конференција е највисокиот орган на извидничкта организација и за време на конференцијата работеше на прифакање на извештаите, донесување одлуки за настани и активности како и ги избира новите членови на Светскиот Извиднички комитет:

Новоизбраниот претседател на Светската организација на Извидничкото движење – WOSM е: João Armando G.

Новоизбрани членови на светскиот комитет се:

Karin Ahlback
Abdullah Alfahad
Ledjou Marcel Blaguet
Peter Blatch
Fernando Brodeschi
Lidija Pozaic Frketic
Mari Nakano
Jemima Nartey
Daniel Ownby
Craig Turpie
Bagrat Yesayan

Собранието , исто така на оваа конференција за членки ги примија националните извиднички асоциации од новите земји-членки : Јужен Судан и Монако.

Светскиот Извиднички МООТ во 2017 година ќе се одржи во Ирска а Светската Извидничка конференција и младинскиот форум ќе се одржи во Азербејџан.

За време на конференцијата беше усвоена новата стратегија и визија, извештаи беа презентирани и презентација на претстојните настани како Светската смотра беа запознаени со делегати.

Сојузот на извидници на Македонија конструктивно учествуваше во процесот на креирање на документи и во сесиите на гласање.

Конференцијата се оценува како многу успешна и продуктивна.

10606565_696068230442844_3130605332378008528_n

10609518_736016879793536_5571272078805787593_n

10600516_694710237245310_6594245795722850496_n