Реконструкција на Извидничкиот Центар во с. Градовци

Со напорна работа, целосно посветени, извидниците од извидничкиот одред Браќа Миладиновци, успеаа целосно да реконструираат старото селско училиште во Градовци, кое несомнено ќе прерасне во еден од најдобрите и најпријатните центри за многу нови генерации извидници во околината на Скопје.

Реконструкцијата опфати целосна адаптација на просторија во функционален тоалет, реновирање на кујната и пренамена на училниците во соби за спиење, како и соба за дневен престој и програмски активности.

По завршувањето на божиќните празници, капацитетите на центарот беа целосно отворени за користење, па така извидниците од ИО ММ Брицо, ИО Марково Крувче и ИО Браќа Миладиновци, целосно ги наполнија и искористија за реализирање на своите зимувања.

Проектот за реконструкција на старото селско училиште беше поддржан од #MessengersOfPeace.

 

 

Previous Image
Next Image