Skip to content Skip to footer
Почитувани,
На почеток сакаме да им изразиме голема благодарност на сите учесници на конкурсот кои со своето учество допринесоа за поуспешна реализација на конкурсот и самата изложба.
Со цел да обезбедиме непристасност при изборот на најуспешните дела, оваа задача ја доверивме на независната комисија од уметници на галеријата „Кора“ која изврши увид на изработените уметнички дела изложени на изложбата по повод 60 години Извидништво во Р.Македонија и ги прогласи најдобрите три дела:
Освоено прво место – Димитар К. за делото Логорски оган
Освоено второ место – Илина А. за делото Убавица
Освоено трето место – Ана П. за делото Фотографија Смотра
Првонаграденото дело добива ваучер во вредност од 18 000 денари, второнаграденото- ваучер во износ од 12 000 денари и третонаграденото- ваучер во вредност од 8 000 денари.
Покрај овие награди, поради големо значење за извидничката организација, организаторот на изложбата одлучи да ги награди со по 6 000 денари и следниве две дела:
Теодора М. – Баден Пауел од чворови и
Кристина Р. – Резба (Македонија и СИМ)
Ваучерите наградените можат да ги подигнат во канцеларијата на СИМ во среда 05 март 2014 година.
Ваучерите можат да се искористат во Извидничкиот Центар во Охрид.
Сојузот на извидници на Македонија се заблагодарува на сите кои придонесоа кон изложбата со испракање на свои дела и им честита на најдобрите.