Skip to content Skip to footer

Извидничкиот одред Браќа Миладиновци на 13 и 14.02.2020 организираше регрутација на нови членови во неколку основни училишта во Општина Аеродром. Преку поставување на мини камп, рекламни материјали и активности го промовираа извидништвото како и целта за повеќе дружба во природа него пред технологија.

Потоа, на 15.02.2020 година на детската улица Тоше Проески поставија камп за сите поминувачи и заинтересирани да се запознаат со извидништвото, а имаа и можност да играат некоја од извидничките игри и активности. Исто така, на децата и родителите  им поделија пораки за убав и пријатен ден. Овој настан беше дел од проектот Из(Види) финансиран од Европската Унија.

86730657_10156673064155870_3656458542740668416_o86990349_10156673066390870_5438913083462385664_o 86826086_10156673062815870_715552997601443840_o