Развигорци

razvigorciРазвигорци (од 7 години до 11 години) – Ова е најмладата категорија во составот на извидничките одреди. Тоа се деца кои се од прво до петто одделение во основно училиште. Во одредите, оваа категорија на членови се групираат во групи од 6 до 8 деца кои се нарекуваат јата и имаат свој водач, име и знаме на групата. Нивната придобивка од извидништвото е соочувањето со нови предизвици, стекнување нови пријателства, да се задоволни од својата активност, да се чувствуваат важни за останатите членови и сл. Овие членови треба да учат преку игри и забава, со што треба да сфатат кои се придобивките од тие игри и поуките кои ги посочуваат самите активности. Развигорците од извидничкото неформално образование ги учат извидничките методи, пократок модел на Заветот и краток модел на извидничките закони. Општи активности за оваа категорија на извидници се игри, кампување, прва помош, хајкување, спортување и сл. Со наполнување на 12 години преминуваат во категоријата Помлади извидници (од 12 години до 15 години).