Развигорците во лов на слики

Вашата следна посета на паркот нека биде лов на слики. Користете дигитален фотоапарат или паметен телефон за да креирате трага од фото-индикации кои прикажуваат одредени места во паркот. Можете ловот да го направите да биде потежок и покомплициран, доколку додадете прашања или предизвици.

hunt-1

hunt-2

Што ви е потребно
Дигитален фотоапарат (или паметен телефон), фото-хартија и печатач
Стикери во боја
Кесички за сендвич со патент
Лента или дупчалка и жица
Мобилни телефони или воки-токи

Правила на игра
На секој тим дај те му различна слика со индикација. Тимови се распространуваат насекаде за да ги следат нивните фото-индикации. Кога ќе ја најдат првата локација, го добиваат својата следна кодирана индикација која се наоѓа во соодветната кесичка на самата локација. Првиот тим што ќе пристигне на последната локација со индикации или во одредената финиш-локација е победник.

Што треба да направите

Чекор 1: Направете групи и одберете лидер
Соберете група од најмалку пет деца. Одберете едно лице кое ќе го назначите за лидер. Оваа личност ќе го води ловот и ќе има својство на водач кога останатите играчи ќе се збунат. Оваа улога можете да му ја доделите и на некој родител.

Чекор 2: Направете фотографии

hunt-3
Направете фотографии од различни обележја во локалниот парк: испреплетено дрво, лулашка, чешма, дрвена ,куќичка, знак за патека, камења итн. Петнаесет индикации се доволно за еден час лов.

Чекор 3: Направете сетови со индикации

Отпечатете по една копија од секоја слика за секој тим. Секој тим треба да има по еден целосен сет со фото-индикации. На секоја индикација ставете соодветна бројка. На еден голем главен лист напишете ги локациите со индикации, идентификувајќи ја секоја локација прикажана на фотографиите. На секој тим доделете му одредена боја и обележете го нивниот сет со индикации со ита таква боја на стикери. Поделете ги индикациите во сетови за секој тим да има сопствена боја на сет со индикации за секоја локација и секоја индикација ставете ја во проѕирна кесичка со патент за да ја заштитите од вода. Измешајте ја низата на индикации за секој тим, така што тимовите нема во исто време да пристигнат на секоја локација. (На пример: Синиот тим ќе ги следи индикациите по редослед 1, 2, 3, 4, 5, црвениот тим ќе ги следи индикациите по редослед 2, 4, 1, 3, 5 итн.)

Чекор 4: Измислете прашања и предизвици

hunt-41
Подгответе предизвици и прашања и испишете ги истите на индекс-картички во различни категории како време, кариера, животни или географија. Во сетот со прашања и предизвици на секој тим ставете подеднаков број на индекс-картички. Кога тимовите ќе ги пронајдат индекс-картичките, тие ќе треба да го контактираат со лидерот и да одговорат на прашањето пред да се упатат кон следната индикација. Користењето предизвици за секоја индикација ја продолжува потрагата.

Чекор 5: Закачете ги индикациите
На денот на играта, ставете ги затворените кесички со индикации на локациите кои се наведени на главната листа. Со селотејп (или дупчалка и жица) обезбедете ги кесичките на фиксен објект кој е видлив и се наоѓа на местото со индикација кое тимот ќе го открие. Овие индикации ќе ги водат тимови до нивната следна дестинација.

Чекор 6: Подгответе се и во лов!

hunt-5
Секој тим треба да го има мобилниот број на својот лидер или фреквенција на токи-вокито, за да можат да го контактираат за сугестии од типот на “Погледни нагоре” или “Оди во правец на север за околу 10 метри”, доколку заглават или не знаат како да одговорат на предизвиците и прашањата. Лидерот ќе ја има главната листа на локации со индикации, како и листа со одговорите на прашањата.

hunt-6БЕЗБЕДНОСТА И ФЕРПЛЕЈОТ НА ПРВО МЕСТО!
Останете во рамките на утврдените граници на областа за лов.
Не одвојувајте се од вашиот тим.
Не вклучувајте во играта странци кои ќе ги сретнете попатно.
Чувајте го мобилниот телефон или токи-токи вклучени.
Не саботирајте ги индикациите на другите тимови.
Вратете ги кесичките и другите материјали откако ќе заврши ловот.