Публикација „БИОДИВЕРЗИТЕТ ПРЕДИЗВИК“

Сојузот на извидници на Македонија ви ја претставува публикацијата „Биодиверзитет предизвик“ којa е наменетa за користење од страна на сите извидници низ Македонија, чија цел е да им ги покаже основите на извидниците од сите возрасти за биодиверзитетот и неговото значење преку групна работа, експерименти во природа и на затворено и други активности блиску поврзани со извидништвото.

 

За сите оние кои сеуште се двоумат за значењето на зборот биодиверзитет еве краток извадок од воведот на пибликацијата:

„“Био“ значи живот а “диверзитет“ значи разновидност, значи Биодиверзитет (биолошки диверзитет) е неверојатната разноличност помеѓу живите суштества во пририодата и како тие влијаат едни врз други. Биодиверзитетот се состои од сите видови на животни и растенија, како и сите други форми на живот и разликата која постои кај тие видови. Тој исто така го вклучува и диверзитетот кој постои кај екосистемите – или објаснето на друг начин – разликите во животната средина вклучувајќи ги пејсажите, вегетацијата и животните во истата и како тие влијаат едни врз други. Биодиверзитетот е многу сложен и најчесто се објаснува како “разликите и промените на гените, видовите и екосистемите“.“

 

Oваа публикација која ќе ве научи за се што е важно за биодиверзитетот, воедно е и водич за активности по чие исплонување се здобивате со беџ за Биодиверзитет.

Превземањето на оваа публикација можете да го направите овде и започнете со извршување на активностите кои се запишани во неа заедно со вашата патрола.

По исполнување на сите услови потребни за добивање на беџ, истиот ќе може да се подигне од Сојуз на извидници на Македонија.

Ви посакуваме успешна работа, многу забава и многу научени работи за биодиверзитетот.

 

Screenshot_1

БИОДИВЕРЗИТЕТ ПРЕДИЗВИК