ПСИО – „Ти си атрАКТИВЕН“

Првиот скопски извиднички одред со поддршка на Секторот за образование при Град Скопје во текот на 2018 година веќе реализираше голем број активности и предавања во средните училишта на територијата на Град Скопје како дел од Проектот „Ти си атрАКТИВЕН“.

45102749_463913244099702_7912727066712211456_n

Во месец октомври тие ги посетија следните средни училишта:

  • СУГС „Димитар Влахов“
  • СУГС „Панче Арсовски“
  • СУГС „Владо Тасевски“
  • СУГС „Орце Николов“
  • СУГС „Михајло Пупин“
  • СУГС „Марија Кири Склодовска“
  • СУГС „Браќа Миладиновци“
  • СУГС „Васил Антевски – Дрен“

Како си поминаа таму, заклучете самите.

Во период 26 – 28.10.2018 г. клубот Гоблини од ПСИО одржа и еко-акција, но поставија и патокази во Мала Река, Китка, со што им овозможија на љубителите на природата полесно да можат да се снајдат при нивните прошетки на овој убав предел.

44831578_196100747864050_2779439810173992960_n

Како што вели и самото мото на овој проект: Да ја подигнеме еколошката свест кај младите!!!