Пролетни бакнежи и прегратки 2019

Традиционално, секоја пролет, Прв Скопски Извиднички Одред го организира националниот натпревар ПБП со различна тема. Оваа година темата беше ЕКО херои, а целта беше да се упати апел дека треба и мора да се грижиме за нашата околина да биде чиста и да се трудиме колку можеме повеќе да го селектираме отпадот. Во тој дух, оваа година како предзадача извидниците имаа да донесат 20 пластични шишиња и 10 конзерви кои со помош на Пакомак беа селектирани и однесени на отпад. Среќни сме што оваа година настанот го помогнаа нашите пријатели од Инситутот за комуникациски студии и нивната добро позната „Не игнорирај, РЕАГИРАЈ“, кои покрај одличната медиумска покриеност, се погрижија сите присутни да добијат платнена торба која ќе можат да ја користат кога пазарат и на понудата за пластична кеса во маркет ќе кажат НЕ БЛАГОДАРАМ.

На натпреварот активно учество земаа 27 екипи од сите скопски одреди како и одредите од Кичево и Охрид. За целата акција/натпревар да помине во одлична атмосфера се погрижија повеќе од 30 извидници од ПСИО кои беа контролори, пакуваа храна, фотографираа и сл. Првите три места освоиа медали и пехари кои беа изработени со реупотреба на пластични шишиња.

До наредна извидничка средба, бидете поздравени со извиднички поздрав, БИДИ ПОДГОТВЕН!

61930239_10157294891694464_593008737308901376_o

61969082_10157294843044464_5030995334709379072_o

62784400_10157294834694464_2174931353764626432_o