Проект – Јакнење на корените

Дел од проектите кои ги реализира Сојузот на извидници на Македонија се и проекти кои придонесуваат кон подобрување на структурата на самата организација и нејзино подобро функционирање и самоодржливотст.

Годинава ја имаме честа да бидеме дел од Програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање за граѓански организации“ и во претстојниот период до средина на 2019 година да го реализираме проектот под наслов „Јакнење на корените“ поддржан од Македонскиот центар за меѓународна соработка – МЦМС.

ПРОЕКТ - Јакнење на корените

Целта на овој проект е унапредување на внатрешните структури на управување на Сојузот на извидници на Македонија, како и воспоставување на процедури и практики за добро управување на органите на Сојузот на извидници на Македонија, со што проектот би го имал следното позитивно влијание: неговата имплементација значително ќе ја подобри внатрешната организација и управувањето во Сојузот на извидници на Македонија, зајакнувајќи ја кохезијата во внатрешните структури и нивниот перформанс.

За да ги постигнеме овие крајни цели, ќе бидат преземени голем број активности, од кои веќе еден дел беа успешно реализирани.Календар

Со таа цел, е креирана и работна група за работа во областа на обука на кадри – тренинг систем секретаријат, додека процесот е поддржан од Сојузот на извидници на Данска, кои преку нивни  фасилитатори ќе го водат процесот на воспоставување на модули за обука на кадри за добро владеење.

Преку акциите се третираат слабостите идентификувани во прашалникот, а кои се поврзани со недостатокот на процедури за носење одлука, непознавањето на обврските и надлежностите на телата во организацијата, меѓу организациската комуникација и односи, конфликти на интерес и слично.

Имплементацијата на овој проект директно ќе ги третира слабостите во организацијата во поглед на нејзиното управување и ефективно владеење. Преку имплементација на овие активностите од проектот ќе се адресира подобрувањето на управувањето на организацијата преку подобрување на работата на нејзините структури – Управниот одбор и Управните структури на извидничките одреди, како и врската со Канцеларијата на СИМ, како извршно тело кое ги спроведува своите и организациските стратегии и политики.

Следствено, акциите директно придонесуваат кон подобрување на внатрешните структури на управување, па затоа фокусот на Сојузот на извидници на Македонија ќе биде насочен кон:

  • Ревидирање и креирање на тренинг структура и модули за обука на кадри;
  • Зголемување на функционалноста на управниот одбор;
  • Вмрежување на извршните и управните тела на организацијата (тим-билдинг активности);
  • Евалуација на работата на канцеларијата на СИМ;
  • Ревидирање на правила и процедури за делување на канцеларијата на СИМ;
  • Детално известување на членството за напредокот со проектот/проектните активности

Резултатите кои се очекуваат да бидат постигнати од овој проект се:

- Управниот одбор на Сојузот на извидници на Македонија да ги разбере своите обврски и улога, принципите на добро управување и ефективно управува со организацијата на редовни седници;

- Канцеларијата на СИМ да работи според уредени правила и процедури кои гарантираат ефективна имплементација на стратешките документи на организацијата и

- Извидничките одреди, членки, да работат и имплементираат активности на локално ниво според утврдени процедури и правила кои се базирани на принципите на добро управување.