Програма за JambOH 2016

Програмските активности ќе се оддржат во кампот, на Охридското Езеро, планината Галичица и во градот Охрид. Програмата изобилува со забавни и авантуристички активности со различна тежина. Секој учесник може да ја креира својата програма на кампот, со тоа што сам ќе ги одбере работилниците и активностите кои ќе ги посетува, согласно неговите интереси.

  • Работилници и кратки активности
    • Вештарства – Три различни вештарства кои ќе се изучуваат во текот на кампувањето. 3 нивоа од секое вештарство кои ќе треба да се поминат за на крај учесниците да се здобијат со вештарството.
    • Стенсили – Изработка на стенсили, односно шаблони од најразлични идеи, со кои подоцна ќе се испринтаат маици.
    • Водени лудории – Голем број на активности и игри од забавен карактер, во вода и на плажа.
    • Линолеум – Користење на старата техника на печатење со линолеум. Цртање на линолеум и резбање слика, која подоцна со туш ќе се принта на лист хартија.
    • Пловење – Обука и пловење со гумени чамци по Охридско Езеро.
    • Пионерство – Изработка на клупи, тенди, маси од дрва по дадена шема со асистенција на стручен извидник. Палење на огништа на примитивен начин.
    • Стреличарство – Учење на основните техники на пукање со лак и стрела во мета, пукање со воздушна пушка во статична мета и мета во движење и пукање со чатал.
    • Екологија – Рециклирање хартија, рециклирање на пластика и изработување на различни предмети од рециклирани материјали.
  • Еднодневни активности
    • Културна тура низ Охрид – Културна тура низ знаменитостите на Охрид, посети на цркви, манастири, традиционални занаетчиски работилници, тврдина, музеи, градот на коските и прошетка низ градот.
    • Хајк 10 – 15 км – Хајк низ националниот парк Галичица со водач. Запознавање со околината и биодиверзитетот на планината.
    • Велосипедизам 30км – Група велосипедисти во колона. Поминување на 30км пат на релација Охрид – Градиште – Охрид.
    • Општествена работа – За да ја истакнеме солидарноста кај извидниците, секојдневно група од неколку извидници ќе извршуваат општествена работа.

Кампот е наменет за деца и извидници над 11 години.

Котизациjата за JambOh изнесува 4500 денари, а во таа цена се вклучени трошоците за исхрана во текот на кампот, амблем на кампот, маица на кампот, марама и акредитациjа, и се разбира трошоците за програмските активности.

За време на кампот ќe се спие во шатори.

Потребна опрема за учесниците:
– опрема за на камп (вреќа, изомат, шатор)
– прибор за лична хигиена
– костим за капење,
– соодветни обувки за хaјк

За повeќe инфо исконтактирajte го Сojузот на извидници на Македониjа и не чекаjте, приjaвувajте се за летната авантура со JambOh!

Рокот за пријавување е продолжен до 1ви јули.

 

jamboh-poster-mk