Претседателот на РМ, г. Ѓорге Иванов на СИМ му го додели признанието „Повелба на Република Македонија“ за време на свечено отворање на Европската извидничка академија 2018

Оваа 2018 година, Сојузот на извидници на Македонија ја има честа да биде домаќин на Европската извидничка академија која се одржува во Скопје, во хотелот „Континентал“, во периодот од 30 октомври до 4 ноември, а на која учествуваат повеќе од 200 луѓе од 40 земји во Европа. Академијата е уникатен извиднички и водечки настан, дизајниран за да им пружи на учесниците висококвалитетен тренинг и можности за создавање на нови контакти во рамките на Европските региони и WOSM (Светската извидничка организација).

45204922_10156021127181158_2111810641776869376_o
На 31.10.2018 година, во хотел „Континентал“ се одржа свеченото отворање на Европската извидничка академија, на кое присуствуваше и Претседателот на Република Македонија, г. Ѓорге Иванов, кој на Сојузот на извидници на Македонија му го додели признанието „Повелба на Република Македонија“, по повод 65 години од неговото основање како самостојно здружение на граѓани за деца и млади, а особено за исклучителниот придонес за развојот на младите луѓе во Македонија преку промовирање на извидничките вредности и принципи.

45156007_10156021127136158_756824961846345728_o
„Вистината никогаш немала толку непријатели како што има денес, во нашево време на лажни вести и војни на перцепции. Јавната пристојност стана исклучок наместо правило. Храброста и истрајноста станаа ретка и скапа работа. Отсуството на одговорност доведе до криза на довербата. Сево ова се коси со принципите врз кои се темели извидништвото, бидејќи извидникот зрачи со доверба“, изјави г. Ѓорге Иванов.

45170204_10156021127126158_907191981627670528_o
„Оваа повелба е признание за шестиполдецениската напорна работа на Сојуз на извидници на Македонија и мотивација за годините што доаѓаат да продолжиме да креираме општествено подобна младина“, изјави претседателот на Сојуз на извидници на Македонија, Огнен Стефановски.

45247023_2021899254538619_1331625855318753280_o
Само вкоренувајќи им ја самодовербата и учејќи ги да бидат способни и да можат да се снајдат во важни ситуации во животот, ние можеме да создадеме младина со која сите ние, а и самите млади ќе се гордеат. Вредностите кои се учат од мали нозе, остануваат дел од нашиот карактер во текот на целиот живот, а подоцна стануваат вредности на кои денешната младина ќе ги учи идните генерации. Горди сме, што скромно, но сигурно вршиме позитивно влијание врз младината во Република Македонија и создаваме генерации на способни и паметни млади луѓе.