Skip to content Skip to footer

Работилница е предвидена за сите категории

 

Потребни материјали за изработка на неделниот план:
1. 1 лист
2. Пенкало/молив/фломастери
3. Линијар
Начин на подготовка:
На вашиот лист нацртајте табела со 8 колони и 4 реда. Најгорната лева келија ставете
ја празна, во трите келии под неа впишете појадок, ручек и вечера. Во горните келии од останатите 7 колони впишете ги деновите на неделата. Впишете ги вашите оброци согласно вашите можности и желби, но внимавајте да се здрави алтернативи од она што обично го јадете. Консултирајте се и со онаа личност која најчесто ви ги подготвува оброците и прифатете и нејзин совет. Декорирајте го листот по ваша желба.

 

Пример за неделен план на здрава исхарана:

Screenshot_1

 
Што е неделен план на здрава исхрана и за што служи?
– Неделен план на здрава исхрана е план што ќе ви помогне да одржите здрава
исхрана во неделата. Со одржување на здравата исхрана вашата енергија ќе се
зголеми, вашето расположение, како и имунитет ќе се подобри па ризикот од
разни заболување ќе се намали.

9 - hrana 2