Skip to content Skip to footer

Денес е ден за кампување! Бидете креативни и креирајте го вашиот идеален камп!

 

Потребни материјали:

– Парче стиропор/ парче картон
– Хартија А4/ блок
– Четири карти за играње/ поцврста хартија
– Било какви бои за декор на кампот
– Дрвца/ стапчиња
– Коноп/ врвца/ јаже
– Ваша максимална креативност

 

Постапка:
Водени од вашите сеќавања и искуства на кампови, со лимитирани материјали за работа, рекреирајте го вашиот идеален камп. Просторот на кој ќе го кренете кампот можете да го направите од стиропор или картон. Дрвата, како и знамето поставено на јарбол можете да го направите од хартија, за шаторчињата можете да искористите карти за играње или било каква поцврста хартија. За јарбол, патенти, огниште може да користите дрвца/ стапчиња најдени во околината на вашиот дом, а со коноп/ врвца/ јаже можете да направите ограда. Откако ќе го поставите кампот декорирајте го со бои по ваш избор.

 

** За целосно уживање во оваа активност, ве предизвикуваме денес да се однесувате како да сте на камп. Тоа би значело да јадете од приборот за храна што го носите на кампување, мијте ги чиниите со ладна вода, денот поминете го носејќи ја вашата марама, преспијте на подот (над тепих и изомат) во вашата вреќа за спиење.
Како да го изработитите хартиеното дрво: https://youtu.be/g_Xh4vOniPU

 

Како да знаеме дека сте го исполниле предизвикот?

Направете видео или тик ток, како го подготвувате кампот или фотографии на крај прикажувајќи го крајниот резултат. Видеото/сликите постирајте ги на Инстаграм или Фејсбук користејќи ги следниве тагови: #30дена #30предизвици #ИзвидиОдДома #СедиДома и тагнете не!

 

Погледнете го нашиот камп!

10 - бивак