Skip to content Skip to footer

Една од омилените наши активности кога станува збор за седење дома! Научете како да си направите обележувач и никогаш да не заборавите на која страна сте од вашата омилена книга!

 

Потребни материјали:

  • Лист хартија
  • Молив 
  • Ножички
  • Линијар 
  • Лепило
  • Дрвени боички, фломастери, мрсни боички или слично (по избор) 

 

Изработка на обележувачот:

1. На листот хартија исцртај ја формата како на видеото.  

2. Исечи ја формата.

3. Сврти ја од другата страна и во делот каде што е покажано нацртај нешто што ти ќе одбереш и обој го.

4. Со ножичката лесно помини на двете внатрешни линии и подвиткај ги како на видеото, а потоа залепи. 

5. Та дааа! Земи книга и смести го твојот нов обележувач. 

 

Што треба да направиш? 

Направи две до три фотографии од изработката на обележувачот како и една фотографија од готовиот обележувач во употреба. Постирај ги на Фејсбук или Инстаграм со веќе познатите хаштагови! Уживајте во читањето! 🙂

 

8 - knigi (1)