Skip to content Skip to footer

Оваа работилница е предвидена за сите категории
Потребни материјали за изработка на сигнални знаменца:
1. Две сламки
2. Две салфети/обичен или цврст лист хартија/парче ткаенина
3. Селотејп или обичен лепак
Начин на подготовка:
Салфетката ја ставате на маса, а врз нејзе ставате ја сламката кај отворениот дел од
салфетката, потоа ја превиткувате салфетката така што ќе ја покрие сламката и
нанесувате селотејп во средина, на другите два краја, горе и на пола на сламката пола на салфетката. Истото го повторувате и за другото знаменце. Потоа си ги декорирате знаменцата по ваш вкус.
Што е семафор и за што служи?
Семафор е вид азбука која порано се користела за пренесување порака на далечина со сигнални знаменца. Таа е настаната во далечната 1803 година, а во 1933 година е меѓународно призната како метод за оптичко сигнализирање со краток дострел или во добри услови со видливост до 3 километри со двоглед, ден денес ние извидниците ја користиме оваа азбука на натпревари и претставува вештина без која не може ниеден извидник.
Што треба да направите вие?
Направете видео или тик ток како со помош на сигнални знаменца преку азбуката на
семафор ќе сигнализирате „СЕДИ ДОМА“. Видеото постирајте го на Инстаграм или Фејсбук користејќи ги таговите: #30дена #30предизвици #ИзвидиОдДома #СедиДома.
Линк од азбуката: https://www.omniglot.com/writing/semaphore.htm

 

7 - semafor 2