Skip to content Skip to footer

Препорачливо за: развигорци и извидници

 

Потербни материјали:

  • Картон или потврда хартија
  • Ножички
  • Молив
  • Боички било какви (фломастери, водени, темперни..)
  • Ластик

Напомена: Пробајте да користите веќе употрeбeни материјали, а не да купувате нови, како би рециклирале и не би создавале многу отпад. 

 

Постапка за правење маска:

  1. На картонот или хартијата исцртај го обликот на маската, како и дупчиња кај очите. Внимавај маската да одговара на твоето лице, ако е потребно измери со линијар. Доколку сакаш твојота маска може да биде некое животно, позната личност, некој стrашен лик од филмовите итн.
  2. Со помош на боичките обои го ликот и доколку сакаш украси ја својата маска.
  3. Внимателно исечи го картонот по линијата која ја нацрта, а потоа и дупчињата за очите. 
  4. Пресечи парче од ластикот околу 20цм. На деловите околу ушите дупни дупче, потоа протни го ластикот во двете дупчиња, така што остатокот од ластикот да е на задниот дел од маската. 
  5. Врзи некој (извиднички) чвор на краевите на ластикот и спремен си да ја носиш маската!

Доколку имате некоја идеја или замисла, различна од нашата, како да ја направите вашата маска, ве охрабруваме да ја остварите и да ја споделите со нас.

 

Што треба да направите вие?

Направете видео, бумеранг, тик ток или слика како ја правите маската и како изгледала на самиот крај. Видеата и сликите поставете ги на Фејсбук или Инстаграм со хаштговите (#30дена #30предизвици #ИзвидиОдДома #СедиДома) и тагни ги @scoutsmacedonia. 

 

Линк од туторијал: https://www.youtube.com/watch?v=ToeC3TToUEo

https://www.youtube.com/watch?v=LoXgZoqdL6Q

 

Други идеи: https://www.pinterest.com/stardustagain/carnival-masks/

 

5 - 1april (2)