Skip to content Skip to footer

Сакате да успеете да израдувате некого денес? Палачинки се одлична идеја за тоа! 

 

Соодветно за сите категории!

Времетраење:30-40мин.

 

Потребни состојки:
– 2 јајца

– длабок сад

– 500ml пресно млеко

– маталка

– 50ml зејтин

– миксер

– 15 лажици брашнo 

– тава за палачинки

 

Начин на подготвување: 

  1. Во длабок сад скршете две јајца, добро изматете ги, а потоа додадете млеко и зејтин.
  2. Потоа постепено додавајте брашно, а истовремено матете со миксер за да не дојде до згрутчување на смесата.
  3. Неколку минути пред завршетокот на смесата, ставете ја тавата да се загрее со неколку капки зејтин. Кога смесата ќе се приготви, може да почнете со печење на палачинките.

Декорирање: Откако ги испековте палачинките,употребете ја вашата кулинарска способност, односно декорирајте ги по сопствена желба, изненадете некого и пратете ни го вашето видео за да ја оцениме вашата креативност!

Пријатен апетит!

6 - palacinki (1)