Skip to content Skip to footer

Направете мини вулкан кој еруптира!

Оваа работилница е предвидена за: развигорци и извидници
Потребни материјали за изработка на вулканот:
– 6 чаши брашно
– 2 чаши вода
– 2 чаши сол
– 4 лажици масло за готвење
– Пластично шише од 0,5 пресечено на пола

Потребни материјали за лавата (опционално):
– 4 лажици сода
– 1/4 чаша оцет
– 5 капки сјај и 5 капки црвена боја за храна
Начин на подготовка:
Во еден длабок сад го ставате брашното, солта и водата. Се меша додека смесата не се соедини. Потоа шишето од пластика со помош на добиената смеса го моделирате во облик на вулкан . Се чека зацврстување на смесата (по зацрврстувањето, вулканот е препорачливо да го обоите по ваша желба).
За оние коишто сакаат да видат ерупција:

Во вулканот ја ставате содата и сјајот со лажица мешајте. Доколку сакате вулканот да еруптира додадете го оцетот во него.

 

Како да знаеме дали сте го исполниле предизвикот?
Снимете видео, тик ток или направете колаж на слики од вашиот homemade вулкан. А видоеото или фотографиите ставете ги на Facebook и Instagram и тагнете ги @scoutsmacedonia.

 

 

4- vulkan (1)