Skip to content Skip to footer
Денес е последниот ден од 30-дневниот извиднички предизвик!
 
Како и секоја извидничка акција, така и оваа, ќе ја затвориме со пеење на химната на Сојузот на извидници на Македонија.
 
Што треба да направиш?
1. Стави ја твојта извидничка униформа (кошула и марама).
2. Испеј дел од извидничката химна (или цела доколку сакаш).
3. Доколку има потреба, потсети се на текстот.
4. Сними видео или тик-ток и објави го на Facebook или Instagram и тагни не! Не ги заборавај и хаштазите!
 
Погледни го и нашето видео за крај – https://youtu.be/UJ2_CqRW2Ck
 
Им се заблагодаруваме на сите што учествуваа и на сите што придонесоа оваа 30-дневна приказна да стане реалност!
 
До следно видување, со извиднички поздрав, ЗДРАВО‼️
——————————————————————
Текст
Пламен се дига
Пламен се дига, а искри пламтат
А нас не слуша ела и бор.
Дур од долини мириса липа
Од братски грла се слуша пој.
Рефрен
Долини мили вашите води
За браќа биле вилински рај
Планино мила вечно слободна
Ти си ни била на земја рај
Да се заколнеме во името на мајка
Дека за правда ќе кршиме пат
Правда и чесност не се сал бајка
Тук врвна цел на нашиот пат.
Рефрен
Долини мили вашите води
За браќа биле вилински рај
Планино мила вечно слободна
Ти си ни била на земја рај
30 - псд2