Skip to content Skip to footer

Направете заштнитна маска која ќе ве штити од загаден воздух,болести и разни вируси користејќи ја Вашата имагинација и креативност.

Со оваа активност ќе ја развиете вашата вештина за кроење и шиење кој би ви била потребна во вашиот живот, а исто така се заштитувате од разни заразувања.

 

Потребни материјали:

– Игла и конец

– Ножици 

– Ластик

– Повеќе видови на платно

– Молив или боичка

– Медицинска маска (за една употреба)

 

Постапка за правење на заштитната маска:

  1. Одберете стар платнен материјал (еднобоен или шарен) на кој ќе работите.
  2. Превиткајте го платното на половина, а врз него поставете ја медицинската маска превиткана исто на половина и растегната по средишниот дел. Со молив или боичка обележете ги краевите околу маската оставајќи 5мм растојание.
  3. Потоа со ножици исечете го платното по обележаното.
    Оваа постапка повторете ја 3 пати на исти или различни видови платна за да добиете 3 слоја за маската.
  4. Земете 2 слоја и ставете ги едно врз друго. Свиткајте ги на половина и сошијте ја најголемата страна. Истата постапка направете ја и за третиот слој.
  5. Спојте ги добиените 2 дела лице со лице. Внимателно сошијте ги по рабовите оставајќи го делот каде што треба да стојат ластиците, а потоа превртете ја маската на лице преку отворот што е оставен. 
  6. Земете го ластикот, исечете 2 парчиња кои ќе бидат со должина од 17см и сошијте ги на маската.
  7. Овој чекор останува на вашата креативност и фантазија за маската да изгледа супер кул и да одговара на вашата индивидуа.

 

Што треба да направите вие?

Потребно е да направите видео, бумеранг или тик ток како ја подготвувате маската и како таа изгледа на самиот крај.

 

Надополнување и интересни факти: 

~ Доколку користите подебело платно, тоа ќе има поголем ефект, т.е. поголема заштита.

~ Овие маски се користат најмногу 3 часа, односно додека не се забележи влажност од воздухот кој го дишеме.

~ Предноста на оваа маска е тоа што може да се користи повеќе пати бидејќи самата маска дозволува перење и повторно користење, за разлика од останатите маски со еднократна употреба.

 

3 - maska (1)