Skip to content Skip to footer

Оваа работилница е предвидена за сите категории
Потребни материјали за изработка:
1. Стиропор/ хамер/ пин-табла
2. Селотејп/ обичен лепак/ иглички
3. Списанија/ разгледници/ стикери/ цртежи
4. Бои по желба
Начин на подготовка:
На една од горенаведените подлоги, налепете или боцнете исечоци од списанија,
разгледници, ваши некои цртежи или цитати кои ви даваат јасна слика за човекот што
сакате да бидете и работите што сакате да ги постигнете. Не се плашете да го разиграте крајниот продукт користејќи бои. Нурнете во вашата длабочина и бидете креативни!
Што е Visionboard и зoшто да го изработите?
Создавањето на свет простор што ги прикажува вашите цели и желби навистина
помага и им дава живот. Она на што се фокусираме се шири. Кога создавате ваш
Visionboard и го ставате во простор каде често го гледате, технички правите кратки
вежби за визуелизација во текот на денот.
Визуелизацијата е една од најмоќните вежби за умот што можете да ја направите.
Според популарната книга „The Secret “, „Законот за привлечност го формира вашето
целосно животно искуство, а тоа го прави преку вашите мисли. Кога визуелизирате,
испуштате моќна фреквенција во Универзумот“.
Наш предлог: Внесете и некоја доза на научени лекции во вашиот Visionboard. Ве
предизвикуваме да додадете некоја успешно научена вештина од изминатите
предизвици, која што ќе ве потсеќа колку е лесно постојано да се надоградувате и
станувате подобра верзија од самите себе.
На крај направете слика, видео или тик ток како изгледа изработката на еден Visionboard или пак крајниот резултат. Сликата/ видеото постирајте го на Инстаграм или Фејсбук користејќи ги следниве тагови: #30дена #30предизвици #ИзвидиОдДома #СедиДома и тагнете не.

29 - vision