Skip to content Skip to footer

Значење на извидничката марама
Извидничката марама која е дел од извидничката униформа е нешто по кое се разликуваат сите извидници. Таа се добива кога се дава заклетва или ветување да се живее со идеалите на извидничкото движење и да се придржува кон извидничкиот закон.

Секоја марама има свое значење и различни бои во зависност од одредот на кој припаѓа. Покрај оваа симболика на марамата, таа исто така може да ја користиме и за многу други работи. Една од тие работи е укажување на прва помош и заштита.

Секој извидник треба да ја поседува вештината за укажување на прва помош при повреди во придода, односно употребување на различни материјали кои би помогнале со цел да се спаси животот, да се зголемат шансите за преживување и да се спречи понатамошното влошување на здравствената состојба на болното или повреденото лице се додека не пристигне доктор или медицинска екипа.

Во итни случаи, токму нашата извидничка марама која има форма на триаголник (исто како и марамата од пакетот за прва помош) би можела да помогне на повредениот и да го заштити додека не добие професионална медицинска помош.

 

Неколку примери  и начини како марамата може да ја употребиме во разни случаи:

  • Имобилизација на подлактица – повредената подлактицна ја прифаќате за два соседни зголобови и ја поставувате во физиолошка положба (природна положба), еден од еднаквите краеви на марамата го подвлекувате под раката така што правиот агол марамата да е кај лактот. Понатаму, другиот еднаков крај на марамата го префрлате преку повредената рака и врзувате чвор на страна од вратот. Крајот на марамата што е кај лактот го врзувате во чвор. Не заборавајте во секој момент да користите ракавици и да го заштитите повредениот од временски услови.
  • Имобилизација на потколеница – повредениот го легнувате,  ја отстранувате облеката и ја воочувате повредата. Имобилизацијата може да се направи со соседната здрава нога. Се користат најмалце 4 марами, една за прицврстување на скочниот зглоб, една под повредата, една над повреда и една над колено. Доколку има надворешен имобилизатор (даска или др.) се користи уште една марама во висина на колк. Помеѓу нозете ставате меки предмети (дускер, ќебе итн). Не заборавајте во секој момент да користите ракавици и да го заштитите повредениот од временски услови.
  • Преврска на повреда на глава – во случај на повреда на глава и крварење прво се поставува стерилна газа врз раната, а доколку немате завој марамата може да се искористи за преврска и да ја има улогата на завој (марамата по нејзината должина се преклопува за да добие форма на завој). Не заборавајте во секој момент да користите ракавици и да го заштитите повредениот од временски услови.

26 - ppz