Skip to content Skip to footer

Препорачливо за: развигорци и извидници

 

Потребни матријали: Светилка, хартија, стапчиња, ножички

 

Од секогаш сме сакале на некое јако светло да ги споиме рацете и со нив да правиме пеперутка или некои други облици и фигури. Сега е моментот… Денес ве предизвикуваме да ги земете вашите светилки и да го исцртате ѕидот со сенката од вашето омилено животно или суштество!

 

Еве мала помош како би можеле да ја креирате вашата приказна.

Помислете на следниве работи и одговорете си на прашањата.

 

  • Основи: 

 

  • Каков ќе биде мојот свет?
  • Кои правила ќе важат во мојата приказна?
  • Кои ликови ќе бидат дел од приказната?

 

  • Случувања:

 

  • Што ќе прават твоите ликови?

 

  • Стил: 

 

  • Дали мојот херој во приказната ќе се бори против нешто?
  • Каков крај може да има мојата приказна?

 

  • Патување:

 

  • Што ќе се случи следно во приказната?
  • Кои ќе бидат падовите и искачувањата во приказната?

 

  • Порака:

 

  • Дали другите можат да научат нешто ново од мојата приказна?

 

Погледнете го нашиот пример – https://youtu.be/t6pxOibqZmE

 

23 - сенки