Skip to content Skip to footer

Препорачливо за: развигорци и извидници

 

Потребани материјали:

Во однос на материјалите имате слобода да користите се што сакате за да ги изградите деловите од вашето летало, а ова се наши препораки:

  •  Картон
  •  Кутии од лекови
  • Сунѓер
  • Пластична чашка и тањирче
  • Листови во боја
  • Самолеплива хартија во боја
  • Сламки

НАПОМЕНА: Пробајте да користите веќе употребени материјали, како стари весници, сламки и слично.

 

Опис за активноста:

Изградете свое вселенско летало!

Би сакале да бидете главен инженер за важна мисија на НАСА? Во оваа активност, мора да го дизајнирате најновото и најголемото вселенско летало. Вашето летало би можело да помогне да ги проучувате работите што се случуваат на Земјата, да фотографирате планети во нашиот сончев систем, да го набљудувате нашето сонце, дури и да најдете планети на друго место во универзумот!

 

Вие одлучувате како да го направите своето вселенско летало – сè зависи од вас. Сепак додека го градите вашето летало, имајте на ум дека тоа мора да има неколку основни работи:

  • Кабина: На вашето летало му е потребно некој вид сад за да ги држи сите составни делови и инструменти безбедни.
  • Извор на енергија:  Ви треба нешто што ќе му даде електрична енергија на вашето летало, така што ќе може да ги управува сите свои високо-технолошки делови. Соларни панели и кул батерии се две опции.
  • Научни инструменти: Ова е причината зошто го лансиравте вашето вселенско летало! Инструментите можат да сликаат далечни галаксии или планети токму овде во нашиот Сончев систем, да прават експерименти во атмосферата на Земјата или да внимаваат на нашата активност на Сонцето. Твоја одлука е!
  • Комуникациски уред:  Ви треба некој начин да комуницирате со Земјата. Антените (во облик на садови или столбови и прачки) се добар начин да го направите ова.
  • Пронаоѓач за ориентација: Осигурете се дека имате нешто што ви овозможува да познавате на каде е насочено вашето вселенско летало и која страна е „нагоре“. Нешто што гледа во ѕвездите (следач на ѕвезди) или сонцето (трагач на сонце) би функционирало.

 

Линк до активноста: https://spaceplace.nasa.gov/build-a-spacecraft/en/ 

 

Линк до нашиот пример: https://youtu.be/PKi3b7DsQUo

 

22 - nlo2