Skip to content Skip to footer

Велигденските јајца се обележје на овој христијански празник што ни доаѓа во пресрет. Јајцата се бојосуваат (вапцаат) и се украсуваат најчесто во текот на Велики Четврток, Велики Петок или на Велика Недела. Според некои, декорирањето на јајца, е традиција која датира дури пред 13-от век. 

 

  • Зошто?

Во христијанството, велигденското јајце го симболизира Христовото Воскресение.  Сепак, христијанските обичаи поврзани со велигденските јајца се до одреден степен адаптација на античките обичаи поврзани со славењето на пролетта. 

Јајцето одамна е симбол на плодност, преродба и почеток. Во египетската митологија, фениксот го гори своето гнездо за подоцна да се прероди од јајцето што останува; а некои хинду написи раскажуваат дека светот се започнал од јајце. Со подемот на христијанството во Западна Европа, црквата прилагодила многу вакви обичаи, и јајцето како симбол на новиот живот, го претставува Воскресението.

 

Интересни и креативни начини за вапцање и декорирање јајца:

  • Вапцање со ориз

Најпрво сварете ги јајцата, извадете ги од водата и убаво избришете ги со крпа или хартија. Во пластични чашки ставете 2 лажизи ориз. Количината зависи од големината на чашките, но никако не треба да ги наполните до врвот. Врз оризот ставате прехранбена боја или желатин и добро измешајте за да се обои оризот. Во чашата ставете го јајцето и измешајте нежно, неколку пати. Колку подолго мешате, толку повеќе јајцето ќе биде обоено.

  • Јајца од ,,галаксијата”

За почеток, јајцата мора потполно да бидат обоени во црна боја и да оставите бојата целосно да се исуши пред да ги претворите во ,,галаксија”. На пластична чинија  истиснете повеќе нијанси од акрилни бои, со акцент на сина, виолетова, златна и сребрена. Со помош на четкичка или сунѓерче, тапкајте и така наизменично нанесувајте од боите додека не се добие соодветен резултат. Важно е помеѓу сите слоеви да чекате малку време, за бојата која ја нанесувате да се исуши. Како за крај, за да имате ефект за ѕвезди, со бела темперна која ќе биде нанесена на четкичка, испрскајте во јајцето.

  • Вапцање со восок од свеќа

Со капки од восок кој се топи, исцртајте нешто по ваш избор на јајцето. Почекајте добро да се исуши воздухот, а откако ќе се исуши, ставете го јајцето во боја. Откако јајцето ќе ја впие бојата, ставете го пак убаво да се исуши. Како за крај, кога ќе го одлепете восокот од јајцето, ќе забележите дека на јајцето, на избраната боја со која сте го вапцале, во бела боја е и формата што сте ја исцтале на самиот почеток.

 

На крај, направете слики или кратки видеа од вашите креативни решенија (или процесот како тоа одело) и поставете ги на Инстаграм или Фејсбук со хаштаговите и тагнете не!

 

Погледнете и видео од нашиот пример – https://youtu.be/_G27JWrkHnw

 

20 - велигден2