Skip to content Skip to footer

Направете засолниште во комфорот на вашиот дом користејќи ќебиња и перници. Вашето ново омилено катче!

Соодветно за сите категории!
Потребни материјали:
[се што мислите дека може да ви помогне да го изградите вашиот замок од соништата]
– Ќебиња/Јоргани/Чаршафи
– Перници
– Столици
– Врвки/јажиња
– Ламбички
Постапка за правење на замокот:
1. Соберете ги потребните материјали, што се наведени погоре.
2. Постелете ќебе на подот, што ќе ве штити од студ, а и ќе ви овозможи поудобна подлога. Може подлогата да ја направете со повеќе слоеви користејќи
различни материјали за поубаво искуство.
3. Околу подлогата наместете ги страничните ѕидови што ќе користат како потпора за покривот, може да искористе столови и/или стапчиња.
4. На веќе наместената странична потпора поставете материјал што ќе ви користи
како покрив.
5. Во внатрешноста поставете ламбички или запалете свеќи за попријатна атмосфера. Доколку одлучите да користите восочни свеќи внимавајте да не ги запалите  материјалите. Се препорачува користење на новогодишни ламбички.
6. Во внатрешноста поставете си перници и земете го вашето омилено ќебенце.

Што треба да направите вие?
Потребно е да направите видео или тик ток,како го подготвувате овој замок, на крај прикажувајќи го крајниот резултат и за што одлучивте вие да го користите. Видеото постирајте го на Инстаграм или Фејзбук користејќи ги следниве тагови: #30дена #30предизвици #ИзвидиОдДома #СедиДома

 

Погледнете го нашиот пример:

 

 

2- zamok (2)