Skip to content Skip to footer

Брзозборките се зборовни конструкции тешки за изговор, се изговараат брзо и при брзиот изговор се прават грешки кои предизвикуваат весело расположение. Освен тоа, тие помагаат и во размрдување и зајакнување на мускулите на лицето и јазикот така што го подобруваат нашиот изговор. 

 

Направете си го денот позабавен со учење и изговарање на само неколку брзозборки. Еве ви неколку примери, но можете да споделите и некои ваши.

  • Шест шарени шишиња свеж швепс.
  • На врв брда врба мрда.
  • Учителката вика дека за вика не се вика вика, туку дека за вика се вика вели.
  • Кралот Карло на кралицата Карла и го украл кларинетот.
  • Штркот штрака со штракалката.
  • Карикатуристот карикатурира карикатура со карактеристичен карактер.
  • Жабата Жа од барата Ба ја викнала жабата Ба од барата Жа.
  • Бел петел в пепел претел.
  • Фатив слон и сом на сон.

 

Ваша задача е да изберете една или повеќе од овие брзозборки и да ги кажете што е можно побрзо. Снимете кратко видео и споделете го на вашиот Facebook или Instagram профил со користење на хаштаговите #30дена #30предизвици #ИзвидиОдДома #СедиДома и тагни не!

 

18 - brzozborki