Skip to content Skip to footer

#СедиДома и научи нови нешта!

„Гледајте од светлата страна на работите, наместо од мрачната. Вистински начин да постигнете среќа е да им подарувате среќа на другите луѓе. Оставете го овој свет барем малку подобар одошто сте го нашле“.

Дали ја знаевте оваа убава порака од основачот на извидништвото? Доколку не ја знаете или сте ја заборавиле, денешниот ваш предизвик е да решите квиз со кој вие ќе можете да повторите или да научите нови работи за извидништвото.

А, како?
– Вклучете го својот компјутер, телефон или таблет.
– Отворете го следниот линк од квизот: http://www.quiz-maker.com/QVTA0LV
– Доколку не го знаете одговорот на некое прашање или сакате да се потсетите, слободно искористете ги сите онлајн пребарувачи.
– И, научете нешто ново за извидништвото!

Откако ќе го решите квизот на крајот ќе ги добиете вашите бодови во вид на сертифијат, направете скриншот/слика од сертификатот и поставете ја на Инстаграм или Фејсбук со омилените хаштагови и тагни го твојот одред заедно со @scoutsmacedonia !

#30дена #30предизвици #ИзвидиОдДома #СедиДома

17 - сезнајко2