Skip to content Skip to footer
#Предизвик1
 
#СедиСиДома и исклучи ги светилките!
 
Се приклучуваме кон глобалната иницијатива „Час на планетата Земја“ и ве повикуваме на 28 Март во 20:30 часот да ги исклучите светилките дома!
 
Ајде да изградиме почиста, посигурна и позелена иднина за нас и идните генерации!

Што треба да направите?

Потребни материјали:

  • Свеќи                 
  • Телефон со полна батерија
  • Опционално: лаптоп со болна батерија, фотоапарат, гитара. 

 

Што е Earth Hour?

Часот на планетата Земја е глобална иницијатива од WWF – Светскиот фонд за заштита на дивите животни и се случува секоја година во последната сабота од месец март. Започната е во 2007 година во Сиднеј а од тогаш наваму се приклучиле милиони луѓе во повеќе од 180 земји. Оваа година, на 28 Март, поради ситуацијата со COVID-19, луѓето од дома ќе ги исклучат светилките во период од 20:30 до 21:30 часот со цел да покажат поддршка за нашата планета Земја и фокусот да го насочат кон климатските промени кои се повеќе и повеќе се присутни! 

 

Што можам јас да направам? 

Предизвикот за тебе е да се вклучиш во овој глобален настан, да направиш една или повеќе активности од листата на активности и тоа да го документираш преку слика или видео на твојот фејзбук или инстаграм профил. Искористи ги хаштазите: #EarthHourMK, #ИзвидиОдДома  #30дена, #30предизвици, и тагни ги @scoutsmacedonia, @worldscouting и @earthhourmk. 

  • Исклучете ги светилките! – Ова е суштината на движењето на Часот на планетата Земја и е најлесниот начин за учество. Едноставно исклучете ги сите непотребни светла во вашиот дом за еден час, во сабота на 28 март од 20:30 часот.
  • Вечера во мрак – Запалете неколку свеќи и подгответе здрави и вкусни оброци во кој ќе уживате!
  • Играјте друштвени игри или прочитајте ја вашата омилена книга во мракот
  • Филмска вечер – Изгледајте го македонскиот документарец номиниран за два оскари „Медена Земја“, документарецот на Леонардо ДиКаприо „Before the flood“ или друг документарец за планетата Земја.
  • Направете акустична сесија или караоке – Ослободете го внатрешниот Ед Шеран или Бијонсе и пејте во мракот со пријателите и семејството! За сите вие што одржувате концерти додека се туширате – ова е вашата шанса да блеснете!
  • Ноќно фотографирање – Обидете се да направите портрети од вашето семејство и пријатели во слаба осветленост или под свеќа!

1- earth hour (1)