Првиот извиднички музеј – во Крива Паланка

На датум 09.11.2018 г., по повод 58 години јубилеј, извидничкиот одред „Наум Наумовски Борче“ од Крива Паланка го отвори првиот извиднички музеј во нивните простории.

45946942_2033675636694314_3015889824381927424_o

На свеченото отворање присуствуваше и градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, на кого му беше врачена благодарница за особен придонес и развој на извидничката организација во овој град.

45801759_2033675890027622_6774729160414724096_o

Отсега па натаму, младите извидници и љубителите на извидништвото ќе имаат можност да се запознаат со првите почетоци на извидништвото во Крива Паланка и општо на територијата на Република Македонија, пред и по нејзината независност, со активностите и настаните кои се организирале пред многу години, пехарите освоени за време на натпреварите во различни категории, како и со дел од првите луѓе кои ја формирале ова организација.