Помлади извидници

pomladiПомлади извидници (од 12 години до 15 години). Во оваа категорија спаѓаат децата кои посетуваат настава од шесто до деветто одделение во основно училиште. Овие членови се ораганизираат во групи од 6 до 8 членови кои се нарекуваат патроли кои имаат свој водач, свое знаме и свое име. Ова е категорија која полека почнува да навлегува во извидничкото неформално образование во кое спаѓаат почетна ориентација, морзе, семафор, патни знаци и сл. Ова е прва категорија која има право на учество на натпревари како на одредски и меѓуодредски така и на државното натпреварување за оваа категорија – РАПИ (Републичка Акција за Помлади Извидници). Најчести активности за оваа категорија се игри, натпревари, кампувања, зимување, летување, ориентација, хајкови и сл. По достигнување на возраст од 16 години преминуваат во категорија Извидници (од 16 години до 18 години).