Поздрав на пролетта

Во рамките на годишната програма на Извидничкиот Поречански Одред Јадран од Скопје, се организира “Поздрав на пролетта”. Ако за сите предвесник на пролетта е кокичето, за извидниците предвесник на пролетта е традиционалниот пикник “Поздрав на пролетта”.

Овој пат повеќе од 150 извидници беа дел од настанот во село Катлановска Брезица.

Покрај програмските активности од страна на организаторот, беа оддржани и 4 еко работилници кои се дел од зелената едукативна програма на СИМ, на кои децата учеа за селектирање на отпад, рециклирање на шишиња во хранилки за птици и во изработка на јаже (жица), како и рециклирање на хартија.

Овој дел претставува завршен дел од кампањата “Kilometres Soleil” кој е поддржан од Сојузот на извидници на Франција (Scouts Guides De France).

Previous Image
Next Image