Подобрување на активностите и искуствата на младите во Охрид

Главната цел на проектот е да допринесе во развојот на единствени и квалитетни искуства за младите туриство во Охридскиот регион, а со тоа и зголемување на профитот генериран со дополнителните активности.
Истиот се стреми кон модернизирање на Извидничкиот центар Охрид и зголемување на атрактивни туристички пакети од обаласта на развојот и едукација кои гарантираат висок квалитет на искуства на младите.
Проектот ќе се реализира со поддршка на Националниот младински совет на Македонија и организацијата Гоу Грин.

Активности предвидени во проектот:
– Развивање на пакет програмски активности/работилници кои ќе бидат понудени на
посетителите на центарот
– Модернизира на опремата за активности во природа и едукативни активности
– Развивање и воспоставување на комуникациска стратегија и алатки
– Развој на одржлив систем за управување со отпад со фокус на органиски отпад и чиста
енергија
– Имплементација на практични решенија за управување со отпат и енергетска ефикасност
– Тренинг за менаџирање и волонтерство
– Чистење и креирање на пермакултурна градина
– Ребрендирање и означување на програмата во центарот
– Обнова на техничка опрема во центарот
– Имплементирање на заштитни мерки за активностите