Повик за учество на Scout Agora 2018

Агора е образовна алатка која го користи извидничкиот метод за да ги достигне образовните цели за категоријата Ровери и каде се става посебен акцент на  можноста младите сами да одлучуваат. Она што ја прави Извидничката Агора посебна  тоа што е настан кој е организиран, за Ровери, од Ровери. Како резултат на тоа, настанот ги разгледува општествените прашањата кои се важни за младите луѓе.

Овој настан е отворен за извидници на возраст од 16 до 24 години со добро познавање на англискиот јазик. Оваа година Извидничката Агора ќе се одржи во Даблин, Република Ирска, во периодот од 11ти до 15ти Април 2018 година.

Во прилог може да најдете подетални информации во врска со патот, финансиите, како и потребната апликациска форма.

Aplikacija za ucestvo na Scout Agora 2018, Irska Povik za ucestvo- Scout Agora 2018, Irska