Повик за учесници на Светска извидничка смотра, 2019 година – Соединети Американски Држави (САД)

Во периодот 22.07 – 02.08.2019 година во Соединетите Американски Држави, Западна Вирџинија, ќе се одржи Светската извидничка смотра. По тој повод, Сојузот на извидници на Македонија објавува повик за пријавување на учесници.

46069844_561641167613511_4934478765209157632_n (1)

Право на пријавување имаат извидници од категоријата Истражувачи, кои се родени помеѓу 22.07.2001 година и 21.07.2005 година.

Воедно, потребни се и волонтери за Светската извидничка смотра, како дел од International Service team: Ровери и возрасни родени пред 21.07.2001 година.

Првиот информативен состанок на кој ќе се презентира програмата, финансискиот план и проекција, логистичките информации и процедурите ќе се реализира во Скопје во просториите на СИМ на 24.11.2018 во 14 часот.

Повеќе информации за настанот можете да најдете во следниот Повик.

Повик за учесници на Светска извидничка Смотра - САД 2019-1 Повик за учесници на Светска извидничка Смотра - САД 2019-2