Повик за меѓународни активности 2018

Почитувани,
Во текот на ова лето (2018) ќе со одржат поголем број на меѓународни извиднички
активности и на дел од нив СИМ ќе испрати свои официјални контингенти:
1. Roverway 2018- Холандија (23ти Јули до 2ри Август 2018). Roverway е заеднички
настан на европските региони на WOSM и WAGGGS, и е наменет за извидници од 16 до 22 години кои се учесници, но и за извидници над 22 години кои ќе бидат дел од
Меѓународниот сервисен тим (Стаф).
2. 10та Смотра на Сојузот на извидници на Србија (27ми Јули до 5ти Август 2018).

Смотрата на Сојузот на извидници на Србија ќе се одржи веднаш по Смотрата на СИМ и истата ќе биде организирана на Ада Циганлија во Белград.
Со цел подобра подготовка и промоција на овие настани, СИМ отвора повик за
водачи на контингент за двата настани.

Апликациските форми и официјалниот повик, може да ги најдете прикачени подоле…

Povik za vodac na kontingent na SIM- Roverway 2018, Smotra SIS 2018 Aplikacija za vodac na kontingent na SIM- Roverway 2018 Aplikacija za vodac na kontingent na SIM- 10ta Smotra na SIS