Повик за волонтери за Eвропска извидничка академија

Европската извидничка академија е најголем образовен настан кој секоја година се организира од страна на Европскиот извиднички регион на WOSM во соработка со Европскиот извиднички регион на WAGGGS. Оваа година честа да биде домаќин на извидничката академија му припадна на Сојузот на извидници на Македонија.

spices2-1-1

Академијата ќе се оддржи во Скопје, хотел „Континтал“ во период од 30.10 до 4.11.2018 година. На настанот ќе учествуваат повеќе од 200 извидници од цела Европа. Со цел беспрекорно организирање на настанот како сојуз – домаќин, отвараме повик за волонтери на академијата.

Доколку сте заинтересирани за волонтирање, ве молам пополнете ја следната Апликациона форма и очекувајте да бидете контактирани.

Повеќе информации околу волонтирањето можете да најдете во следниот Повик за волонтери за Европска извидничка академија.

Povik za volonteri